НУ-УБ „Гоце Делчев“ е еден од тројцата добитници на принзниието „Ацо Шопов“ кое го додели Домот на културата на манифестација која за прв пат се оддржа во нивна организација. Добитници се и поетот Благој Самоников и Друштвото на писателите на Македонија.
Со читање на Беседата за големиот поет и револуционер Ацо Шопов напишана од поетот Христо Петрески по повод 93 годишнината од неговото раѓање, започна манифестацијата „Во чест на поетот“ која прва година ја организира Националната установа центар за култура „Ацо Шопов“ Штип.
Неговата скромност ја опишуваат и оние кои имале можност да запознаат и оние кои не го знаат. Дека е чест и огромно задоволство лично да го познаваш Ацо Шопов потврдува и Благој Самоников, штипски поет кој во далечната 1974 година имал можност да го запознае овој голем македонски поет.
Роднокрајното катче сместено во штипската библиотека и го носи името на овој значаен поет е само едно од низата проекти што оваа установа ги има посветено во чест на Ацо Шопов.
По повод 93 годишнината од раѓањето на штипскиот поет, револуционер и основоположник на современата македонска книжевност, Ацо Шопов ВО Штип се организираше традиционалниот рецитал „Младите за Шопов“ и манифестацијата „Пеења на тишината“.
Во спомен собата на „Ацо Шопов“ во Домот на културата во Штип денес со доделување на признанијата „Во чест на поетот“ се заокружи чествувањето по повод раѓањето на Шопов.
Оддржана манифестацијата „Пеења на тишината“ во чест на Ацо Шопов. По повод 93 годишнината од раѓањето на штипскиот поет, револуционер и основоположник на современата македонска книжевност, Ацо Шопов, штипската библиотека денес организираше еднодневна манифестација, насловена „Пеења на тишината“, на која учествуваа и ученици од Прилеп и Св. Николе.
Денешната манифестација која е во чест на штипскиот поет и револуционер е со тенденција да прерасне во традиционална. Инаку, штипската библиотека оваа година за прв пат во рамки на Штипското културно лето ги организираше и Деновите на Шопов.
НУ-УБ „Гоце Делчев“ беше организатор на свечената академија по повод 1100 години од упокојувањето на Свети Климент, која е дел од програмата за одбележување на претседателот на Р.М, д-р Ѓорге Иванов.
1.100-годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски, Штип ја одбележа со свечена академија, во храмот посветен на македонскиот светец и еден од учениците на светите браќа Кирил и Методиј:
– Тој исто така е и првиот епископ словенски, којшто го создаде првиот универзитет на Балканот на Плаошник, кадешто описмени 3.500 луѓе, рече г.Иларион, митрополит на Брегалничка епархија.
Св.Климент имал педагошки и учителско- просветителски и црковни дејности, кои ние, неговите наследници, мора неуморно да ги чуваме и пренесуваме:
- Да си ја чуваме Македонската Православна црква, бидејќи тоа ни е завет од Свети Климент. 1.100 години опстоиме благодарение на неа, кажа Илчо Захариев, градоначалник на Штип.
Денешната акдемија е само дел од активностите во градот, кои се организираат по повод престојниот празник:
- Во овој контекст би ја споменала и успешно реализираната конференција за неговото дело во рамки на Филолошкиот фалултет при УГД, истакна Милена Ристова - Михајловска, директор на НУ УБ „Гоце Делчев“ – Штип.
На свечената академија во Штип присуствуваше и претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, под чие што покровителство се организира програмата за одбележување на 1.100 години од упокојувањето на Св.Климент Охридски.
Од 25-28 ноември 2016 во Софија, Р Бугарија се одржа втората средба на мрежата на иноватори од јавни библиотеки од 11 држави кои расправаа за постигнувањата во последната година и јакнењето на мрежата. Средбата е организирана во рамките на проектот ИНЕЛИ Балкан, од страна на грчката библиотечна асоцијација Future Library во соработка со Бугарската библиотечна и информациска асоцијација и Фондацијата Глобални библиотеки Бугарија.
За време на четиридневното дружење подготвена беше богата едукативна програма и активности кои имаа за цел да ја нагласат работата и потенцијалот на мрежата. Исто така беа откриени победниците на Наградите за иновации што го означи почетокот на пет нови проекти. Пред сè, тоа покажа богатство на автентични идеи, допирање на нови области на влијание, надминување на границите на академски дисциплини и сектори на економијата и правење на библиотеки како составен дел од развојот на цели заедници. Новиот дизајн е доказ на мултипликаторски ефект на мрежата и ќе биде тестиран во однос на постојните балкански библиотечни иницијативи, како виртуелна младинската академија за 3D печатење, услуги за земјоделски работници, услуги за финансиско управување, стабилна програми за дигитализација, доживотно образование, борбата против невработеноста, урбаната и рурална изолација, нова технологија, услуги во библиотеките погодени од природни катастрофи и војни и многу повеќе.
Во проектот ИНЕЛИ Балкан (International Network of Emerging Library Innovators in Balkan region) вклучени се 33 иноватори од 11 држави: Бугарија, Грција, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово Албанија и Романија. Амбасадoр на проектот во Македонија е Иванка Соколова, претседател на Здружението за развој и иновации на библиотеки и три библиотекари - иноватори: Вилма Јованова НУ УБ „Гоце Делчев“ Штип, Биљана Кочишка од Градска библиотека Скопје и Катерина Данаилова од Локалната библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино.
Претставници од НУ-УБ ,,Гоце Делчев" - Штип деновиве се присутни на Меѓународната конференција ,,Cobiss 2016" во Марибор, Словенија.
Во рамки на Конференцијата имаат можност да добијат повеќе информации за надградената cobiss-платформа што за најмногу 6 месеци ќе почне да функционира во Македонија, но и да се стекнат знаења за најновите техники за дигитализација со кои се развива библиотекарството во светот.
Номинирани и избрани како претставници од Штип на оваа конференција се директорката, Милена Ристова-Михајловска, и библиотекарите, Сашко Неделков и Ирена Јорданова.
На оваа студиска посета, директорката Ристова-Михајловска оствари посети и официјални средби со претставници од Униветзитетската библиотека во Марибор и Библиотеката на Филозофскиот, Педагошкиот и Правниот факултет.
Конференцијата се одржува еднаш во две години и на истата во изминатиот период како претставници од Библиотеката имаат учествувано: Благица Спиридонова, Жаклина Петрушева, Драган Ѓорѓиев, Вилма Јованова, Охридија Лазарова и други.