Во НУУБ „Гоце Делчев“ се оддржа предавањето и претставувањето на едицијата „Врвови на светската историја, филозофија и психологија со психоанализа“ како дел од одбележувањето на 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Гледајќи кон иднината, младите забораваат на минатото, констатирале историчарите:
- Историјата е учителка на животот, но за жал од неа се поналку се учи и се вадат поуки - рече Тодор Чепреганов, универзитетски професор.
Освен обичниот народ и голем број научници од областа на историските науки, досега се соочувале со проблем на соодветен материјал, нешто што е надминато со едицијата „Врвови на светската историја, филозофија и психологија со психоанализа“:
- Материјалите беа концентрирани на еден период и вакум за друг, па мораше да се прибирата информации и од соседството, истакна Соња Николова, промотор.
Вакви проблеми сега ќе немаат студентите по историја кои сите потребни материјали ќе можат да ги најдат на едно место:
- Едицијата е достапна во нашата студентска читална и на располагање на сите заинтересирани, рече Милена Ристова - Михајловска, директор на НУ – УБ „Г. Делчев“ – Штип.
Токму оваа едиција беша промовирана во Штип.Ваквите промоции се одлична можност да научиме нешто ново, рекоа посетители.
Д.Р.
19/10/2016
Продолжува есенскиот саем „Листови“ на НУУБ „Гоце Делчев“ во Штип. Голем број на ученици ги посетија штандовите на издавачите а секако книгите беа во центарот на интересот и на повозрасни штипјани. Цените привлечни, насловите различни, од стручна литература до белетристика. За секого по нешто.
Библиотеката ја искористи можноста на својот штанд да ги претстави насловите од 135 тома македонска книжевност кои се продаваат по цена од 157 денари ! Утре е третиот и последен ден од саемот. Повелете !
Од 17 до 19 октомври 2016 во НУУБ „Гоце Делчев“ се оддржува Саем на книгата кој симболично го носи името „Листови“. Заедничко за есента и книгите се листовите, па така во поглед на околностите од денес почитувачите на книгите ќе можат по екстра цени да ги купат своите омилени наслови.
Одржана четвртата работилница од проектот ,,Весела среда со Библиотеката" на тема Одиме на плажа со деца од Едукативниот центар ,,Домино".
Учесниците од „Бесплатната летна школа“ на отворање на изложбата на Тони Чатлески во Дом на култура