НУ-УБ „Гоце Делчев“ беше организатор на свечената академија по повод 1100 години од упокојувањето на Свети Климент, која е дел од програмата за одбележување на претседателот на Р.М, д-р Ѓорге Иванов.
1.100-годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски, Штип ја одбележа со свечена академија, во храмот посветен на македонскиот светец и еден од учениците на светите браќа Кирил и Методиј:
– Тој исто така е и првиот епископ словенски, којшто го создаде првиот универзитет на Балканот на Плаошник, кадешто описмени 3.500 луѓе, рече г.Иларион, митрополит на Брегалничка епархија.
Св.Климент имал педагошки и учителско- просветителски и црковни дејности, кои ние, неговите наследници, мора неуморно да ги чуваме и пренесуваме:
- Да си ја чуваме Македонската Православна црква, бидејќи тоа ни е завет од Свети Климент. 1.100 години опстоиме благодарение на неа, кажа Илчо Захариев, градоначалник на Штип.
Денешната акдемија е само дел од активностите во градот, кои се организираат по повод престојниот празник:
- Во овој контекст би ја споменала и успешно реализираната конференција за неговото дело во рамки на Филолошкиот фалултет при УГД, истакна Милена Ристова - Михајловска, директор на НУ УБ „Гоце Делчев“ – Штип.
На свечената академија во Штип присуствуваше и претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, под чие што покровителство се организира програмата за одбележување на 1.100 години од упокојувањето на Св.Климент Охридски.