Персоналната библиографија за д-р Метод Чепреганов беше промовирана од страна на НУ-УБ „Гоце Делчев“. На овој начин, Штип се оддолжува за големиот придонес кој тој го дал во делот на медицината, особено во неврологијата.Книгата има 180 страници, во кои се содржани 260 библиографски единици:
- Во библиографијата се сместени 30 монографски публикации, потоа статии или составни делови од сериски публикации кои професорот ги објавува, кажа Жаклина Петрушева, НУ УБ „Гоце Делчев“ Штип.
Освен ова, Чепреганов е добитник и на престижни награди на Балканско и светско ниво. Една од нив е наградата за енциклопедијата на француски јазик, во која 60-те страни посветени на епилепсијата се напишани од него:
- Второто издание од таа енциклопедија доби една од најпрестижните награди на ниво на Европа, се вика „Herman Fischgold“. Тоа е награда за врвно стручно дело кое е рамно за стручни дела на Нобелова награда, истакна Методи Чепреганов, невролгог – епилептолог.
Изавач на библиографијата за Чепрегано е штипската библиотека.
Една ПРВА и една ВТОРА НАГРАДА за две млади штипски авторки и читателки од Библиотеката.На манифестацијата ,,Пролет, љубов, смеа" во Св. Николе, во силна конкуренција, две наши солидни млади авторки и читателки, освоија награди.
Со ПРВА НАГРАДА во категоријата ,,Младинци" се закити младата и квалитетна поетеса, Рената Пенчова, ученичка во СОУ Гимназија ,,Славчо Стојменски".ВТОРА награда меѓу помладите, освои поетесата Матеја, ученичка во ООУ ,,Славејко Арсов".
И двете поетеси се наши редовни читателки, активни учеснички во сите конкурси, соработнички, така што според тие критериуми, од страна на НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип беа предложени за учество во двете категории во рамки на оваа долгогодишна, успешна и меѓуопштинска манифестација во која земаат учество многу поети од земјава.
Рената и Матеја учествуваа на манифестацијата под менторство на библиотекарките, Жаклина Петрушева и Ирена Јорданова, а со комплетна поддршка и од нивните предметни професорки, Милкица Миленковиќ и Весна Ристова и директорите на нивните училишта.
Манифестацијата се организира во склоп на проектните активности на Дом на култура ,,Крсте Петков Мисирков" и Библиотеката во Св. Николе, а под раководство на директорката, Валентина Алексова, и раководителката на Библиотеката, Елизабета Коцева.
Одржани првите три креативни работилници по повод Велигден.Креативна велигденска работилница во Инфо-бусот под мотото ,,Кој како мал чита, како голем размислува" со ученици од ОOУ ,,Страшо Пинџур" од Карбинци, с.Таринци и с. Караорман.
Најмладите читатели од Штип учествуваа во едночасовна креативна работилница во организација на Асоцијацијата на издавачи на Р. М., креирајќи ракотворби, инспирани од истовремено читање на бајки од штипските библиотекарки.
Штипската библиотека имаше претставување на „Форумот на библиотеки“ во рамките на Саемот на книгата. Директорката на Библиотеката, Милена Ристова - Михајловска, на Форумот за библиотеки, имаше излагање и презентација за позитивните практики, иновативните активности и инфраструктурни проекти во НУ-УБ ,,Гоце Делчев" - Штип. На Форумот учествуваа уште две библиотекарки од Штип.