Од 25-28 ноември 2016 во Софија, Р Бугарија се одржа втората средба на мрежата на иноватори од јавни библиотеки од 11 држави кои расправаа за постигнувањата во последната година и јакнењето на мрежата. Средбата е организирана во рамките на проектот ИНЕЛИ Балкан, од страна на грчката библиотечна асоцијација Future Library во соработка со Бугарската библиотечна и информациска асоцијација и Фондацијата Глобални библиотеки Бугарија.
За време на четиридневното дружење подготвена беше богата едукативна програма и активности кои имаа за цел да ја нагласат работата и потенцијалот на мрежата. Исто така беа откриени победниците на Наградите за иновации што го означи почетокот на пет нови проекти. Пред сè, тоа покажа богатство на автентични идеи, допирање на нови области на влијание, надминување на границите на академски дисциплини и сектори на економијата и правење на библиотеки како составен дел од развојот на цели заедници. Новиот дизајн е доказ на мултипликаторски ефект на мрежата и ќе биде тестиран во однос на постојните балкански библиотечни иницијативи, како виртуелна младинската академија за 3D печатење, услуги за земјоделски работници, услуги за финансиско управување, стабилна програми за дигитализација, доживотно образование, борбата против невработеноста, урбаната и рурална изолација, нова технологија, услуги во библиотеките погодени од природни катастрофи и војни и многу повеќе.
Во проектот ИНЕЛИ Балкан (International Network of Emerging Library Innovators in Balkan region) вклучени се 33 иноватори од 11 држави: Бугарија, Грција, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово Албанија и Романија. Амбасадoр на проектот во Македонија е Иванка Соколова, претседател на Здружението за развој и иновации на библиотеки и три библиотекари - иноватори: Вилма Јованова НУ УБ „Гоце Делчев“ Штип, Биљана Кочишка од Градска библиотека Скопје и Катерина Данаилова од Локалната библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино.