Национална установа – Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип
www.nuubgdst.mk This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. ул.Вита Поп-Јорданова бр.5 2000 Штип тел +389 32 391 247 факс +389 32 387 508
Врз основа на член 76-а став 1 и 2 алинеја 5, член 76-ѓ, член 76-ж став 1 и 2 алинеја 1, член 77-а став 1,2 и 5, член 77-б, член 77-в став 1, член 77-г, член 77-д, член77-ѓ од Законот за култура („Службен весник на РМ“ бр.31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18),член 20-г од Закон за вработените во јавниот сектор („Службен весник на РМ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и „Службен весник на РСМ“бр.143/19), член 22 и 23 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр.167/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 267/20 и 151/21), Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на селекцијата, како и начинот на бодување во зависност од категоријата и новото на работно место за кое е објавен оглас од НУ-УБ „Гоце Делчев“- Штип бр.01-81/3 од 18.05.2021 година и на Пријавата за вработување, како и формата , содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на РМ“ бр.34/15), согласноста од Министерството за финансии бр.18-8255/2 од 06.10.2022 година, НУ-УБ „Гоце Делчев“- Штип објавува
Ј А В Е Н О Г Л А С БР.01/2022
за вработување на неопределено работно време 1 (едно) лице давател на јавни услуги во културата и 2 (две) лица помошно – технички лица во културата
Национална установа – Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“- Штип објавува јавен оглас за вработување на 1 (едно) лице давател на јавни услуги во културата и 2 (две) помошно - технички лица на следните позиции:
1. КУЛ 03 04 Д03 001 – Библиотекар во одделение Позајмување и услуга за возрасни, сектор позајмување и услуга.............................................................(1) еден извршител,
2. КУЛ 04 01 Б03 001 – Хигиеничар, помошно технички лица во културата, сектор помошно техничка служба..............................................................(2) два извршители.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните:
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место;
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
· Посебни услови за работно место реден број 1:
- најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1степен (Образование, Наука за книжевноста, Филозофија);
- Работно искуство до една година работно искуство;
- Познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).
- Познавање на основни компјутерски програми.
Распоред на работно време:
- Работни денови: понеделник – петок
- Работни часови неделно: 40 часа
- Работно време: прва смена од 07:30 до 15:30 часот
- Работно време: втора смена од 12:00 до 20:00 часот
Паричен нето износ на плата 34.968,00 денари
· Посебни услови за работно место реден број 2:
- Најмалку основно образование
- Со и без работно искуство
Распоред на работно време:
- Работни денови: понеделник – петок
- Работни часови неделно: 40 часа
- Работно време: прва смена од 07:30 до 15:30 часот
- Работно време: втора смена од 12:00 до 20:00 часот
Паричен нето износ на плата - 20.637 ,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидените вработувања за работните места согласно годишниот план на институцијата за 2022 година се: Македонец/ка.
Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работното место.
Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат во НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип или на web – страната на Библиотеката www.nuubgdst.mk . Кандидатите кон пријавата треба да приложат во оригинал или заверени на нотар:
- Уверение за државјанство;
- Лекарско уверение за општа здравствена способност за работното место;
- Потврда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Доказ за завршено образование;
- Доказ за работно искуство.
- Кратка биографија.
Јавниот оглас трае 15 дена од денот на неговото објавување во дневниот печат.
Постапката за селекција за вработување се состои од: административна селекција за проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас и интервју.
Кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази имаат право да продолжат на интервју.
Ненавремени и некомплетни пријави и документи нема да се разгледуваат.
Пријавата со комплетните документи кандидатите можат да ја достават директно во архивата на библиотеката, заклучно со последниот ден до 15:30 часот или по пошта во затворен плик со назнака „за оглас“ на адреса НУ-УБ „ Гоце Делчев “ – Штип, ул. Вита Поп Јорданова бр. 5 , 2000 Штип.