Учениците од основно и средно образование како и возрасните ученици се стекнуваат со нови знаења и искуства.
Со посветеност во слушањето и учествувањето на предавањата се надградуваат со секој ислушан час. А кога на тоа се додаде и квалитетното предавање од професорот, успехот е неизбежен.
Почетниот курс за германски јазик (А1), во две категории (за деца и возрасни) е дел од проектот „Патувања низ културите – Македонија и Австрија“, поддржан од Министерството за Култура.