По втор пат, за време на летниот период следи бесплатната ЛЕТНА ШКОЛА во Библиотеката која е насловена ,,Библио-арт 2017". Истата ќе се спроведе од 10 до 21 јули 2017.
Пријавувањето е до 7 јули 2017 и настанот е во соработка со Американско катче - Штип, „Едуинфо медиа" и Академија ,,Еуроарт" а е поддржан од Министерство за култура на Р. М. и Општина Штип.
Посетителите ќе имаат можност да дознаат нешто повеќе за литературата, да учествуваат во поетско читање, часови по нивинарство и односи со јавност, уметност, музика и театар. Минатата година летната школа ја посетија околу 50 лица.
По повеќе од 40 години, заменета е ПВЦ столаријата во библиотеката. Речиси четири децении, се чекаше на оваа обнова со што се овозможи и зачувување на зградата на библиотеката. Проектот за замена на прозорците е поддржан од Министерството за култура кое пронајде средства но и покажа разбирање за потребата за замена на ПВЦ столаријата.
Прозорците се заменети на долниот кат, како и во големата сала која служи за промоции и настани од областа на книжевната дејност и културата.
Обука за користење на програмската поддршка COBISS3/Преземање записи и фонд.Седуммина претставници од НУ-УБ ,,Гоце Делчев" - Штип се на тродневна обука во Центарот за обука во НУБ ,,Св. Климент Охридски" во Скопје.Тродневната обука ги зајакна капацитетите на вработените од штипската библиотека во смисла на нивно понатамошно уште постручно преземање и креирање записи.
Обуката траешe три дена и се одвиваше во деновите среда, четврток и петок (26, 27 и 28 април 2017 год.)Обучувач првиот ден е Жаклина Ѓалевска. Воедно, обучувач на ваквите обуки е и Јелисавета Костадинова.
Во НУ-УБ ,,Гоце Делчев" - Штип активно работат четворица каталогизатори со стекнати голем број лиценци.Библиотекарите, кои ја посетуваат оваа тродневна обука и се стекнаа со компетенции за работа во надградената електронска платформа COBISS 3.
Обуката за библиотекари е финансирана од Министерството за култура на Р. М.На обуката присуствуваат и библиотекари од Делчево, Тетово и други.
Делегација на општина Штип престојуваше во градот Ѓонѓош во Унгарија, при што во неа беше и директорката на Ну-УБ „Гоце Делчев“, д-р Милена Ристова Михајловска.При посетата, посетена беше и библиотеката во градот при што е разговарано з аможната соработка и за воспоставување на врски меѓу двете институции.
Една од темите на разговор со тамошниот директор беше и учество во заеднички проекти преку фондовите на ЕУ што би биле искористени за подобрување на инфраструктурата во двете библиотеки. Исто така беше посетена и библиотеката на монасите каде се чуваат ретки книги.
Технолошко - Техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип организираше модна ревија инспирирани од „светот на бајките“:
- Со свои креации учествуваат 22-ца студенти чија инспирација се бајките, кажа Соња Ристески, асс. на Технолошко Техничкиот факултет – Штип.
Ова е одлична можност за изразување на индивидуалната креативност на секој од студентите:
- Ова е одлична можност за нас да ја покажеме својата креативност, бидејќи работиме на тема која не е вообичаена, рече Стефан Максимов, студент.
На овој начин, студентите ја споија теоријата со праксата, односно техниката со дизајнот:
- Првенствено ние произведуваме инженери, но имаме и оддел за дизајн. Кога ќе едуцирате одличен инженер кој , при тоа е и креативен, тогаш имате комплетен производ, истакна Винета Сребренкоска, декан на Технолошко Техничкиот факултет – Штип.
А визуелното, студентиет го споија со аудио дел во кој раскажуваа бајка, како една од основите на детската литература и подготовка на идна читателска публика:
- Не смееме да престанеме на децата да им кажуваме бајки, зашто тие прво се слушатели кои подоцна ги развиваат афинитетите за читање, вели Весна Мојсова Чипишевска, универзитетски професор.
И токму овој дел ги спои Технолошко Техничкиот факултет и Штипската библиотека во еден заеднички проект:
- Целта е да ја промовираме литературата за деца, овој пат на еден несекојдневен и уникатен начин, истакна Милена Ристова Михајловска, дир. на Библиотека „Г.Делчев“ – Штип.
Ова е втора ваква соработка меѓу двете институции, откако минатата година ја организираа ревијата насловена како „Мода меѓу редови“.