„Сликањето е поезија која повеќе се гледа отколку што се чувствува, а поезијата е сликарство кое повеќе се чувствува отколку што се гледа.- е познат цитат од светски познатиот уметник Леонардо Да Винчи.
Токму таков беше и настанат кој се одржа на 11.12.2019година, на кој беше промовирана „Стихозбирката“на Розе Мојсовска проследено и со изложба на нејзини слики кои ги слика со уста. Таа од 2005г. е член на Светското здружение на уметници што цртаат со уста и нозе. „Не битно колку работиме, туку е битно колку љубов внесуваме и ја пренесуваме на други“-истакна авторката.
Промотор на Стихозбирката беше д-р Милена Ристова Михајловска, а за ликовното творештво свое видување даде Петар Колев- уметник и ликовен педагок.
Стихови од книгата читаа ученици од основните училишта.
Настанот е во рамки на Проектот на библиотеката наменет за инвалидизирани лица, подржан од Министерството за култура.










ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека