По повод одбележување на 148 години од раѓањето на великанот и наш патрон Гоце Делчев,во салата за промоции на библиотеката се одржа промоција на Роднокрајната библиографија „Штип и штипјани во дневните весници и списанија (2018)“, подготвена од библиотекарите каталогизатори Жаклина Петрушева и Ирена Јорданова а компјутерската обработка е на Драган Ѓоргиев -Советник за информатички работи.
Рецензент и промотор д-р Милена Ристова Михајловска.
Најзастапен автор во оваа тековна библиографија за 2018г е новинарот Иван Бојаџиски и на истиот му беше доделена пофалница, а тој во своето обраќање го цитираше насловот од интервјуто со Коџи Мичи, уредник за Европа на јапонскиот весник Маиниче кој весник излегува во тираж од три милиони примероци дневно. Интервјуто е објавено во Штипски Глас, а во него Коџи Мичи вели:
„Последниот весник ќе умре кога ќе умре последниот читател“!
Библиотеката со своја делегација положи цвеќе пред спомен бистатата во Ново Село, каде ја обавуваше својата учителска дејност.