На ден 07.03.2023г. се одржа литературно-креативна работилница со наслов „Моја инспирација-силните жени кои го менуваат светот“, на која учествуваа ученици од средните и основните училишта.
Од страна на учесниците кои преку преубавите и инспиративни презентации, не само што се истакна улогата на жената во општеството и тоа во сите свери на општественото живеење, во рушењето на сите стеротипи и предрасуди околу родовата еднаквост, тие ја покажаа нивната креативност, творечка способност и информациска писменост. На крај сите заедно иработија постер од силни жени и моќни пораки.
Се надеваме дека овие силни жени ќе им бидата и понатаму инспирација и потик во остварување на нивните поставени цели.
Благодарност до професорите ментори и учениците, заедно да го одбележиме овој ден со искрени честитки до сите жени.










