На 06.03.2023г во одделот за детска литература се одржа книжевно-креативна работилница по повод 8 Март-Меѓународниот ден
на жената со наслов „Со љубов за мама“ со ученици од 3/2 одд. при ООУ „Ванчо Прке“ и наставничката Татјана Лазарева.
Поразговараме за книгата, за читањето, за значењето на празникот, прочитавме содржини од книгите кои им помогнаа при изборот на подарок за нивната мајка, како најважна личност во нивниот живот.
Заклучија дека најважна е намерата и дека подарокот изработен од нивните вредни рачиња со многу љубов е најдрагоцен подарок за секоја мајка, баба, учителка.






