26 февруари се одбележува како Светски ден на читање на бајки, литературен жарн многу важен во когнитивниот
развојот на детската личност од најмала возраст и за потикнување на интересот и љубовта кон книгата и читањето.
По тој повод на 24.02.2023г. во одделот за детска литература се одржа книжевна работилница со првоодделенците од ООУ ' Ванчо Прке" и нивната наставничка Валентина.
Разговаравме за омилените сликовници со бајки и со мала бајковита импровизација од страна ба библиотекарката Соња Манева им беше прочитана бајка. Бајката 'Трите прасиња" ја проследија аудио-визулно и тоа со голем интерес и на крај извлековме поука ' кога нешто правиш, тогаш направи го добро". Се дружеа со убавите книги и се раздаливме со ветување за повторна средба.



