Денес Библиотеката ја посетија учениците од комбинирани паралелки до 5-то одделение од село Селце и се запознаа со организацијата и функционрањето на установата, поразговаравме и секако на крајот имаа прием во канцеларијата на директорот и добија подарок на книги за нивната училишна библиотека за да читаат и се дружат со книгата за време на летниот распуст.
Од промоцијата на двете стихозбирки со наслов „Маски“ и „Мирисот на кожата“ од нашата роднокрајна поетеса Виолета Тодева Мијалкова која се одржа на 2.06.2018г во просториите на Библиотеката пред многубројаната публика на обожаватели, промоција исполнета со многу стихови и емоции од нејзината поезија која е источник на нејзината душа.
Од 5-та изложба на Верче Андонова од ЦПЛИП „Порака“од Штип во Дом на култура во Крушево, во организација на библиотеката и ЗГ Цивитас. Благодарност на домаќините за топлото гостопримство.
Во рамките на „Штипско културно лето 2017“, претставени изданијата на штипската библиотека.За три години, штипската библиотека „Гоце Делчев“ издала 15-тина книги. Меѓу нив, се персоналните библиографии за Цацков и Чепреганов, Азбучникот на старата книжевност, како и книга посветена на Словенската писменост во Македонија :
- Овие публикации се издадени со помош на Министерството за култура на Република Македонија, а дел од нив се финансирани од општина Штип, изјави Жаклина Петрушева, библиотекар.
Меѓу најновите изданија од оваа година се и двете книги на младата Рената Пенчова, стихозбирката „Осцилации“ и романот „Патот до метаморфоза“ :
- Стихозбирката ја подготвував неколку месеци, а темата е љубовта. Во романот станува збор за мигрантите, односно бегалнците од Сирија коишто го минуваат низ Македонија, објасни Рената Пенчова, автор.
Двете книги на Пенчова беа промовирани следниот ден во 21 часот во штипската библиотека.Инаку, најновите изданија на библиотеката, беа промовирани пред младата читателска публика.