• 1

Соопштенија

  • Согласност за нацрт годишна програма на Националната установа +

  • Одлука за работно време летен период 2023-та +

  • Литературен конкурс за ЕСЕЈ на „Поетските љубови, маки и сонувања по родното место на Ацо Шопов“ +

    ПОГЛЕДИ ГО КОНКУРСОТ НА СЛЕДНИОВ Прочитај повеќе
  • Jавен оглас и пријава за вработување во НУУБиблиотека „Гоце Делчев„-Штип +

    ЛИНК ДО ОГЛАС ЛИНК ДО Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2022“ +

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
И З В Е С Т У В А Њ Е
ОД ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР
„МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“, ШТИП 2022 ГОДИНА

 

Натпреварот се одржа во универзитетската читална на Одделот за возрасни во Националната установа - Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ - Штип, на 29.04.2022 година со почеток во 10.00 часот. Од пријавени 12 натпреварувачи, учествуваа 8 натпреварувачи.
На секој натпреварувач му се подели Тест прашалник со вкупно 20 прашања и со временски рок од 60 минути за давање на одговорите. По поминатите 60 минути предвидени за давање на одговори, Комисијата за организирање и спроведување на натпреварот во состав: претседател Жаклина Петрушева - библиотекар, член Ирена Јорданова –библиотекар и член Жаклина Ѓоргиева-професор, ги оцени поединечно дадените одговори во тест прашалниците..
Дадени се следните резултати од спроведениот Oпштински натпревар „Млади библиотекари” Штип 2022 година:
1. Ена Стојановска ООУ„Славејко Арсов“ 100 поени
2. Ангела Стојанова ООУ„ Димитар Влахов“ 90 поени
3. Адријана Божинова ООУ„Тошо Арсов“ 85 поени
4. Ива Чамински ООУ„Тошо Арсов“ 85 поени
Натпреварувачот кој покажа најдобро знаење на Oпштинскиот натпревар „Млади библиотекари” Штип 2022 година е Ена Стојановска, под менторство на Милкица Миленковиќ Стојанова професор по македонски јазик и литература со што се стекнаа со право да учествуваат на Државниот натпревар кој ќе се одржи во Охрид.
На сите учесници на натпреварот, од организаторот – Библиотека, им се поделија пригодни подароци и благодарници за учесниците и менторите
Комисија за реализирање на натпреварот
Штип, 29.04.2022 год.
 
279447940_10160168196740295_8641330678081628956_n.jpg
 
279375368_10160168196510295_1216093142593952307_n.jpg
 
279452254_10160168196445295_4647267284599675032_n.jpg
 
279481274_10160168196320295_1086208291937602360_n.jpg
 
279514722_10160168196340295_2197715901369240830_n.jpg