ЧЛЕНУВАЊЕ ВО Националната установа - Универзитетска библиотека
„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП
Зачленување:
Важечки документи за идентификација (лична карта, пасош, ученичка книшка, студентска легитимација, индекс);
Годишната чланарина е 150 денари и истата се обновува по истекот на рокот на траење на картичката (запишано на самата картичка). Лицето добива членска картичка со број, која е потребно да ја има при себе при секоја посета на библиотеката.
Покрај обичното зачленување се нуди можност за фамилијарно зачленување за 300 денари.
Годишната членарина за инфобусот е 50 денари.
За членската картичка и позајмувањето на книги:
- Истата не е пренослива;
- Во случај да ја загуби, членот мора веднаш да ги информира надлежните библиотекари;
- Се издаваат најмногу по две книги на едно позајмување кои можат да се задржат најмногу 15 дена од денот на позајмувањето;
- Во случај членот да не ја врати книгата навреме, се испраќа опомена. По третата опомена, членот ќе биде теретен со парична казна;
- Во случај членот да ја оштети позајмената книга, должен е да ја надомести парично вредноста на книгата или да купи иста таква и да ја врати во библиотеката;
- Се додека не се вратат позајмените книги на таа членска книшка не се издаваат нови книги;
Посета на библиотеката и однесување во просториите:
- Носете ја членската картичка со себе при секоја Ваша посета на библиотеката;
- Позајмувањето на карти, магазини, периодики, дневна штампа е можно само во просториите на библиотеката (читалните). Достапни се и аудио-касетите и ЦД-та од фондот на библиотеката;
- Посебните наслови на стручни книги, речници и други ретки изданија можат да се позајмат само за користење во просториите на библиотеката;
- Хендикепирани лица можат да изнајмуваат книги по телефон а достават до нивниот дом е од страна на библиотечните служби;
- Пушење, зборување на висок тон, викање, јадење и пиење не се дозволени во просториите на библиотеката;
- Животните и домашните миленичиња немаат пристап во просториите на библиотеката;
- Потребен е културен однос кон библиотекарите и другите посетители на библиотеката и одржување на тишина.
Губење на статусот „член“
- Во колку членот постојано ги крши правилата на однесување во библиотеката;
- Во колку членот и покрај сите мерки на предупредување уредно не ги врати библиотечните материјали и не сака да ја плати цената за оштетените библиотечни материјали;
- Во колку ја злоупотребува членската книшка;
- Членството се обновува по надоместувањето на вредноста на оштетените материјали односно по нивно враќање во библиотеката.