Соопштенија

  • Согласност за нацрт годишна програма на Националната установа +

  • Одлука за работно време летен период 2023-та +

  • Литературен конкурс за ЕСЕЈ на „Поетските љубови, маки и сонувања по родното место на Ацо Шопов“ +

    ПОГЛЕДИ ГО КОНКУРСОТ НА СЛЕДНИОВ Прочитај повеќе
  • Jавен оглас и пријава за вработување во НУУБиблиотека „Гоце Делчев„-Штип +

    ЛИНК ДО ОГЛАС ЛИНК ДО Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2022“ +

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Одделение за деца

Овде се примоиздава детска литетаратура и претставува детска библиотека. За членовите обезбедува книжен фонд од 4900 наслови или 49000 вкупен книжевен фонд. Претражувањето е преку два информативни каталози, тематски или насловен и азбучен каталог. Пристапот на читателите до бараната книга е слободен.

Ова одделение го опслужуваат два библиотекара.

Одделение за возрасни

На корисниците нуди над 25600 наслови или вкупен книжен фонд од 40000 примероци и околу 300 наслови периодични публикации. Пребарувањето е преку два каталога, покрај основниот: азбучен и предметен.

Ова одделение го опслужуваат два библиотекари.

Одделение за студенти

Студентската читална нуди над 540 наслови на книги од областа на правото, информатиката, медицината, економијата, земјоделието, криминалистиката, општообразовни теми и др.

Изнајмувањето може да биде за две недели, со можност на продолжување за уште две недели. Освен тоа, корисниците бесплатно можат да ги користат компјутерите кои се донација од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Студентите од УГД со своите студентски картички можат да ги користат компјутерите во текот на целиот ден. Библиотеката нуди и помош при пребарување податоци и книги од страна на библиотекар, користење на климатизирана студентска читални, индивидуални читални според утврден распоред, како и скенирање и копирање на библиотечни материјали.