Соопштенија

  • Согласност за нацрт годишна програма на Националната установа +

  • Одлука за работно време летен период 2023-та +

  • Литературен конкурс за ЕСЕЈ на „Поетските љубови, маки и сонувања по родното место на Ацо Шопов“ +

    ПОГЛЕДИ ГО КОНКУРСОТ НА СЛЕДНИОВ Прочитај повеќе
  • Jавен оглас и пријава за вработување во НУУБиблиотека „Гоце Делчев„-Штип +

    ЛИНК ДО ОГЛАС ЛИНК ДО Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2022“ +

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Националната установа - Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“–Штип, која е и депозитна библиотека, е најголемата матична библиотека во регионот, и една од трите депозитни библиотеки и петте библиотеки  во земјата прогласени како институции од национален интерес.

Националната установа - Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип  е лоцирана во централното градско подрачје, во непосредна близина на средни и основни училишта и сакрален историски објект. Зградата на библиотеката е современ објект кој со своето архитектонско решение ги воодушевува намерниците и обезбедува удобен престој на посетителите. Има 5 ката и 3 нивоа.

Истата има две читални, 130 маси и 4 кабини за индивидуално учење. Во зимниот период се загрева со централно греење, додека градбата на зградата во летниот период овозможува пријатен претстој.

Во склопот на библиотеката е и „Инфобусот“ – мобилна информатичка библиотека.

Согласно новите предизвици и обврски во сферата на информатичкото поврзување оваа библиотека има улога и како централна и регионална библиотека.

Располага со над 130 000 монографски публикации и околу 1000 наслови периодика, обработени според постоечките стандарди ISBD(M) и ISBD (S).

Претражувањето се врши преку авторски и стручни каталози и по УДК стандардот.