На ден 26.09.2024г во една мошне пријатна атмосфера, пред присутните беше преставена книгата "(ПРЕ)ВРСКИ"-препознавање на нарцисоидна злупотреба од страна на самата авторка Слаѓана Васовиќ
и рецензентката а воедно и промотор проф.д-р Ана Чучкова.
Темата која ја разработува оваа книга, еден вид на психичко нарцисоидно насилство кое е се повеќе присутно во секојдневниот начин на живот, предизвика и посебен интерес кај присутните.