На ден 27.09.2024г. во салата за промоции во библиотеката и во една прекрасна атмосвера беше промовирана книгата на нашиот роднокраен автор и претседател на Л.К."Искра" Миланчо Миленкоски, книга т.н. две во едно,
од едната страна проза со наслов "Не било судено" а од другата страна поезија со наслов "Не е спорно дека се' е тумбе, ама реално е дека фали кафе".
Рецензенти а воедно и промотори кои на мошне импресивен начин истата ја претставија пред присутните беа Анита Бошкова, Јасмина Ѓорѓиева и Оливера Станковска.
Стихови и делови од книгата читаа Тома Митев и Димитар Костов, ученици од ООУ "Гоце Делчев", под менторство на професорката Марија Ристова.
Со изведба на народни песни промоцијата ја разубавија членовите на Градскиот хор.