Меѓународниот ден на мирот, 21 септември, е посветен на борбата против сите форми на насилство, недоразбирања и конфликти
, повикувјќи ги сите луѓе во светот заеднички да придонесат за меѓусебно почитување и надминување на меѓусебните недоразбирања, за промовирање на човековите права и слободи и за подобрување на условите за живот во мир и достоинство, за демократски просперитет.
Нашата Библиотека во соработка со АК Штип, денес го одбележа овој ден заедно со учениците од 7 одд. од ООУ „Ванчо Прке“ Штип со професорката Јасминка Дурдубакова. Во текот на настанот добија информации за светските начини на одбележувања, за најпознатите пораки за МИР од реномирани лица, потоа сами напишаа свои пораки за мир и на крај се забавуваа на квиз поврзан со Денот на мирот.
- Сонувам за Африка која е во мир со себе - Нелсон Мандела.
- Мирот не може да се зачува со сила, тој може да се постигне само со разбирање - Алберт Ајнштајн.
- Мирот не е само далечна цел што ја бараме, туку средство со кое доаѓаме до таа цел - Мартин Лутер Кинг Џуниор.