Прекрасна промоција пред прекрасна публика во нашата Библиотека. Зинка Трендовска, нашата роднокрајна авторка, беше претставена со 2 книги
: ЧЕКОРИ ПО ИСАРОТ, промотор Горан Анчевски и КОПНЕЖ ВО МУГРИТЕ (на македоснки и српски јазик), промотор Снежана Алексиќ Станојловиќ. Настанот беше збогатен со неколку музички точки од Градски хор Штип и читање извадоци од двете книги од Мелани Иванова и Милена Милорадова. Благодарност до авторката Зинка Трендовска што ја одбира нашата библиотека за промоција на сите нејзини книги досега, благодарност до сите учесници што ни ја разубавија вечерта и секако на нашата верна публика која ги почитува пишаниот збор и делата на нашите роднокрајни автори.