На ден 20.03.2024г. пред многубројната публика во салата за промоции во библиотеката, беше промоворина новата книга, историски еп со наслов „Кралство без напишана историја (Пајонија-Пеонија)“ од нашиот штипјанец Павле Рибарски
, уште еден бисер од герданот во Роднокрајното одделение, со која открива едно кралство кое досега не е споменато во ниту една форма, ниту во учебниците по историја, ниту во кој било друг сегмент од историската литература за пошироката јавност.
Промотор а воедно и рецензент на книгата беше проф.д-р Чедомир Цветановски.
Стихови од книгата читаа Маја Стојановска, Марија Стефановска и Ангела Стојанова , ученички од втора година при СОУ „Славчо Стојменски“.
Читањето на стихови беше пропратено со музички звуци во изведба на клавир од страна на Стојанче Јованов од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“.
Со изведба на убави македонски песни настанот го збогатија членовите на ЗГ „Распеани штипјани“.









ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека