Нашата библиотека беше посетена од колешки библиотекарки од Гданија, Полска и колешки од НУ Библиотека „Кочо Рацин“ од Тетово.
Колешките од Полска во склоп на Еразмус проект посетуваат македонски библиотеки, меѓу кои и нашата, а со тоа разменуваме искуства и добри практики во работењето во мултикултурни средини. Покрај разгледување на нашата Библиотека и разговори околу заеднички теми за програми и услуги за корисници, имаа можност да го посетат и Археолошкиот музеј во Штип. Соработката продолжува со идни заеднички проекти и размени на знаења и искуства со цел подобрување на услугите кон сите корисници.








ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека