Денешниов ден, 14 февруари, ден на Библиотеката, љубовта и виното
ги спои нашите корисници, учениците од ООУ „Ванчо Прке“ Штип и Приватното средно училиште САБА од Штип. Чествување на овој ден беше со излагање на директорот, за значењето на празниците посветени на св. Трифун и св. Валентин и како се празнуваат кај нас, но со посебен осврт на денот на љубители на библиотеки. Голема благодарност до ученици од ПСУ САБА, под менторство на Виолета Пеева, кои изготвија прекрасни видеа на тема: Зошто ја сакам библиотеката... и Зошто ја сакам книгата, кои беа презентирани пред публиката и кои остануваат наша промоција за секоја прилика. Благодарност и до осмооделеницте кои учествуваа во работилница поврзана со празниците што ги чествуваме. На крајот заминаа со убави чуства и инспирација за љубовта и секако со подарок книга.









ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека