На ден 21.12.2023г се реализираше книжевниот настан "За роднокраецот Шопов", на кој беа доделени наградите од распишаниот литературен конкурс за песна и есеј на тема "Шопов за некогаш и за сега" по повод 100 години од неговото раѓање.
На литературниот конкурс со свои творби учествуваа ученици од основните и средните училишта и студенти. Во категоријата основношколци најдобри беа
1.Ангела Бреслиева -прва награда
2.Ева Арсовска - втора награда - ментор Марија Ристова
3.Тома Степановски- трета награда- ментор проф.Дени Илиевски.
Категорија средношколци-есеј
1.Сара Тошева - прва награда- ментор проф. Данче Тошева
2.Мелани Иванова-втора награда- ментор проф. Станка Арсовска
3. Даница Левкова- трета награда- ментор проф. Наташа Лазарева
Категорија средношколци- песна
1.Ева Тушевска- прва награда-ментор проф.Весна Ристова
2.Огнен Митровски- втора награда- ментор проф.Елена Богатинова
3.Ангела Стојанова-трета награда-ментор проф.Станка Арсовска
Категорија студенти
1.Марија Витанова-правни студии- прва награда.
На самиот почеток свое обраќање за ликот и делото на Шопов имаа проф. Маја Крстевска -Коларова и д-р Ана Витананова Рингачева.
Со интерпретација на песната "Старо купувам" од Шопов пред присутните се престави Антонела Митева.
Со музички точки на гитара настанот го збогатија учениците Марио Џамбаски и Андреј Тасевски од ДМУЦ"Сергеј Михајлов", под менторство на проф.Драган Јанев.
Настанот е во рамки на проектот "За роднокраецот Шопов" од годишната програма за работа подржан од Министерството за култура на Р.С.М.












ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека