• 1

Соопштенија

  • Литературен конкурс за ЕСЕЈ на „Поетските љубови, маки и сонувања по родното место на Ацо Шопов“ +

    ПОГЛЕДИ ГО КОНКУРСОТ НА СЛЕДНИОВ Прочитај повеќе
  • Jавен оглас и пријава за вработување во НУУБиблиотека „Гоце Делчев„-Штип +

    ЛИНК ДО ОГЛАС ЛИНК ДО Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2022“ +

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИСРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2021“ +

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИСРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2021“ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА Прочитај повеќе
  • Проектот „Македонски учиме, француски читаме - култура спојуваме и развиваме“ +

    Проектот „Македонски учиме, француски читаме - култура спојуваме и развиваме“ Почитувани корисници, ве известуваме дека Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
На 25.11.2022г во одделението за детска литература во библиотеката се одржа книжевно- креативна работилница со ученици од посебните паралелки при ООУ „Ванчо Прке“
. Учениците се запознаа со работата на библиотеката, за услугите што ги нуди за нив, имаа можност да ислушат една приказна од звучна книга и да ја проследат преубавата приказна за „Крофната Арна“, приказна која ни овозможи да ги разбереме различностите, подобро да ги запознаеме и да ги засакаме и за склопување на едно необично пријателство. Следуваше боење на крофни и секој ученик и даде име, им подаривме звучна книга и на крај се сладевме со убави крофни.
Активноста е во рамки на проектот од Годишната програма за работа на библиотеката а подржан од Министерството за култура на РСМ „Инклузивно училиште, инклузивна библиотеката“со кој им овозможуваме на учениците преку визуелно-звучни интерпретации на книги, полесно да ги разберат и совладат литературните содржини а тоа се потврди со големето внимание и интерес на учениците со кои ја проследија приказната.
Библиотеката продолжува и со други активности за овие целни групи затоа што тие се секојдневно дел од општествената заедница со исти потреби и права, а наша цел е да им го направиме секојдневието поубаво, поразлично, побогато со културни содржини.
 
 
316824259_517288800427853_2179090067909489841_n.jpg
 
316959798_517283430428390_2829295084331389903_n.jpg
 
316691903_517283147095085_6999358787314630054_n.jpg