На 10.05.2022г. во салата за промоции на библиотеката беше одбележан Денот на мајката со изложба на камени куки кои ги изработија членови на ЗХ „Либертас“ во Штип и промоција на поетската збирка на авторката Љерка Тот Наумова по потекло од хрватската а живее во Скопје.
Промотор на книгата беше Кирил Панајотов а стихови од неа читаше Соња Чресловник.
За Изложбата од камени куки од поднебјето на Хрватска, поточно Далмација свое видување даде Виолета Калиќ - Виш советник за визуелни уметности во Галерија „Кора“ - Скопје.
Истите како што истакна претседателката на здружението Долорес Петров, ќе бидат подарени на ООУ „Димитар Влахов“ во Штип, за да им го оплеменува и краси училишниот ходник.
Настанот со изведба на музички точки-песни за мајката испеани на хрватски јазик, го збогати Градскиот хор 2019.
Настанот е во организација на ЗХ „Либертас“- Штип, како дел од нивните проектни активности подржани од Средишен државен уред за хрватите надвор Хрватска во Р.С.Македонија а во соработка со НУ-УБ „Гоце Делчев“- Штип.



