Во рамки на програмата за одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право, во салата за промции на библиотеката на 28.04.2022г се одржа промоцијата на поетската стихозбирка
„Трноцвет“од нашиот сограѓанин Борис Балабанов.
Промотори на истата беа Виолета Тодева - Мијалкова и Кирил Панајатов, кој се јавува и како рецензент на истата.
Стихови од книгата читаа Ване Дериволов и Милена Милорадова, а со музички точки настанот го збогатија членовите на хорот „Распеани штипјани“.




