• 1

Соопштенија

  • Согласност за нацрт годишна програма на Националната установа +

  • Одлука за работно време летен период 2023-та +

  • Литературен конкурс за ЕСЕЈ на „Поетските љубови, маки и сонувања по родното место на Ацо Шопов“ +

    ПОГЛЕДИ ГО КОНКУРСОТ НА СЛЕДНИОВ Прочитај повеќе
  • Jавен оглас и пријава за вработување во НУУБиблиотека „Гоце Делчев„-Штип +

    ЛИНК ДО ОГЛАС ЛИНК ДО Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2022“ +

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

70 посетители учествуваа во проектот за бесплатен курс по француски јазик кој се споведе во тек на два месеца.Најголемиот дел од посетителите беа деца и ова им беше прв контакт со францускиот јазик:

- Ја учевме азбуката, броевите, боите, значи сé она што опфаќа основно ниво А1, појасни Марина Рамбабова, наставник по француски јазок.

franc1

Дел од посетителите беа взрасни луѓе кои после многу време повторно му се враќаат на францускиот јазик:

- По 30 години, откако зваршив училиште првпат учам француски. Ќерките ми се во Швајцарија, во француски кантон и тоа ми е мотивот, рече Трајче Џамбазовски, посетител на курсот.

Сево ова е дел од напорите на франкофоните повторно да се врати интересот за франкофонијата во Штип, кој не толку одамна беше исклучително голем:

- Веруваме дека направивме нешто добро и дека ќе ги поттикнеме младите и понатаму да го изучуваат францускиот јазик, кажа Викторија Каранфилова Китанова, наставник по француски јазик.

franc12

Домаќин и организатор на курсевите беше штипската библиотека:

- Се надеваме дека и од септември ќе има некакви активности и дека ќе ја возобновиме француската читална, изјави Милена Ристова Михајловска, дир. на НУБ “Г.Делчев“ – Штип.

Инаку, францускиот јазик е втор по употреба , по англискиот. Тој се зборува во 52 држави во светот и е мајчин јазик на 77 милиони луѓе, а 192 милиони него го зборуваат како странски јазик.