Претставување на две значајни збирки од штипската библиотека во библиотеките во Истанбул, Турција.Станува збор за промоција на книги пишувани на старословенски јазик и книги пишувани на старотурски јазик што за првпат се презентираат надвор од нашите граници. Изготвен е каталог на книги од страна на стручни лица со резимиран превод на англиски и турски јазик.
Во работна посета во Турција беа следниве претставници од НУ-УБ ,,Гоце Делчев" - Штип: Драган Ѓорѓиев, Жаклина Петрушева и Ирена Јорданова.Воспоставените контакти ќе овозможат за заеднички проекти на двете земји во чекорите за зачувување, конзервирање и дигитализирање на споменативе збирки.Проектот е поддржан од страна на Министерството за култура на Р. Македонија