Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит и Здружението КУРС од Сплит спроведуваат заедничка културно-уметничка соработка во периодот од 28 октомври до 1 ноември 2016. Тие ќе го претстават програмот „СМОШ-Фестивал на книжевност и музика“ во три града во Македонија, Охрид, Штип и Скопје.
Проектот има за цел културно поврзување на Македонија и Хрватска и продлабочување на нивните пријателски врски.
На 30 октомври 2016 предвидено е претставување во Штип во НУ-УБ „Гоце Делчев“ во Штип со почеток во 18:00 часот. На манифестацијата ќе се претстават „Клинци-Мандолинци“, Книжевност во живо со сплитските писателки Тонка Алуевиќ и Слободанка Џуџерија.
Клинци-Мандолинци ги сочинуваат Никола Митревски, Мате Кошутник (мандолина), Јероним Башиќ (мандола), Бригита Бановиќ (мандолончело) и Иван Новаковиќ (гитара) кои исполнуваат Македонски и Хрватски традиционални народни песни и кои дејствуваат веќе три години како дел од МКД „Македонија“ од Сплит под водство на професорот Ивана Кенк Калебиќ.