„Весела среда“ се повеќе се покажува како успешна содржина на НУУБ „Гоце Делчев“.На пример, денес наша цел повторно беше ширење на љубов кон книгата, преку заедничко дружење и ликовно изразување.
Нашите ученици од ПОУ "Ванчо Прке" од Ново Село изработија цртежи со книги и прочитаа по неколку редови од нашите убави книги. Секоја среда, со нова содржина се обидуваме да го прошириме убавиот збор за книгата и да ги научиме децата, уште од најмала возраст да разберат дека книгата може да биде добар и траен сопатник од кој може да се научи речиси се за животот.