Во НУУБ „Гоце Делчев“ се оддржа предавањето и претставувањето на едицијата „Врвови на светската историја, филозофија и психологија со психоанализа“ како дел од одбележувањето на 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Гледајќи кон иднината, младите забораваат на минатото, констатирале историчарите:
- Историјата е учителка на животот, но за жал од неа се поналку се учи и се вадат поуки - рече Тодор Чепреганов, универзитетски професор.
Освен обичниот народ и голем број научници од областа на историските науки, досега се соочувале со проблем на соодветен материјал, нешто што е надминато со едицијата „Врвови на светската историја, филозофија и психологија со психоанализа“:
- Материјалите беа концентрирани на еден период и вакум за друг, па мораше да се прибирата информации и од соседството, истакна Соња Николова, промотор.
Вакви проблеми сега ќе немаат студентите по историја кои сите потребни материјали ќе можат да ги најдат на едно место:
- Едицијата е достапна во нашата студентска читална и на располагање на сите заинтересирани, рече Милена Ристова - Михајловска, директор на НУ – УБ „Г. Делчев“ – Штип.
Токму оваа едиција беша промовирана во Штип.Ваквите промоции се одлична можност да научиме нешто ново, рекоа посетители.
Д.Р.
19/10/2016