На ден 23.05.2023г.се одржа последната активност во рамки на проектот "24 Мај - Ден на словенската писменост и Св.брќа Кирил и Методиј".
Денес беа доделени наградите од претходно распишаниот награден конкурс за "Најубава изработена печатна буква од азбуката" за ученици од 1 до 3 одделение.
Беа доделени по три награди во секое одделение, доделени дипломи и пофалници за сите учесници.
На почетокот учениците од 3/2 одд.со наставничката Татјана Лазарева одржаа мала приредба со кратки песни за секоја буква.
Пред присутните се обрати библотекарката Соња Манева која е и координатор и организатор на сите активности во рамки на овој проект и истакна дека цел на овие активности е одавање на почит кон грандиозното дело на овие просветители и формирање на систем на позитивни вредности и навики уште од мала возраст, развивање љубов кон буквите,кон книгата и пишаниот збор, кон читањето, потикнување и развивање на креативноста и творечките вештини.
Нека е честит и вековит утрешниот празник на сесловенската писменост и на двајцата учители кои ни ја дадоа светлината во нашите очи.
Проектот е финансиски подржан од Министерството за култура на Р.С.Македонија.