На 10.10.2022г. на Националниот Институтот за изучување на странски јазици ИНАЛКО во Париз, Р. Франција беа реализирани завршните активности во рамки на проектот од областа на Европски интеграции „Француски учиме, македонски читаме-култура спојуваме и развиваме„
Библиотеката донираше за потребите на студентите, солиден фонд на литература на македонски јазик како за деца така и за возрасни, а библиотекарот Соња Манева пред присутните студенти кои го изучуваат македонскиот јазик, ги запозна со дел од најзначајните роднокрајни автори и личности и дел од богатата издавачка подукција на библиотеката од автори библиотекари.
Доц. д-р Милена Ристова-Михајловска пред студентите одржа интердисциплинарно предавање , таа направи осврт кон средновековната македонска книжевност, кон релациите меѓу македонскиот и старословенскиот јазик, кон истражувањата и адаптациите во македонскиот фолклор...
Низ мноштвото теми, меѓу другото, зборуваше за:
- св. Кирил Филозоф - творец на глаголицата;
- акростихот на ,,Азбучна молитва" од Константин Брегалнички и стиховите на св. Наум Охридски (или за неговиот акростих што открива ,,тајнопис“);
- старословенскиот јазик како темелник на македонскиот;
- овчеполските облековни елементи како украс на сценските адаптации и белег на современите теренски истражувања;
- расчитувањето на симболите и слогостиховите во поезијата на Блаже Конески;
- калиграфијата - некогаш и денес...
Во Париз за првпат беше претставено и двојазичното (македонско-француско) издание на сликовницата ,,Василие и Дедо Мраз“
Проектот е финансиски подржан од Министерството за култура на Р.С.Македонија.










На 12.10.2022г имавме прием кај в.д.амбасадорот Африм Јашари и голема благодарност за честа, издвоеното време, за поддршката и за поканата да поразговараме за нашите проектни активности околу афирмацијата на македонскиот јазик, литература, уметност и култура во Париз, како и за бесплатното изучување на францускиот јазик во библиотеката.
И оваа средба беше продлабочување на досегашната долгогодишна соработка и отворање на нови можности за идни заеднички остварувања.



Од посетата на Библиотеката во ИНАЛКО, Париз и убаво беше чувството кога на полиците од страна на љубезниот библиотекар ни беше покажана литература од Македонија, дела од македонски автори преведени на француски јазик меѓу кои и нашиот Ацо Шопов.






