Во чест од одбележување на 119 години од смртта на нашиот идеолог и патрон Гоце Делчев, на 04.05.2022г во салата за промоции на библиотеката беа промовирани двете публикувани тековни
библиографии "Штип и штипјани во дневните весници и списанија" за 2019 и 2020г од издавачката дејност на библиотеката чии составувачи се библиотекарите-каталогизатори, Жаклина Петрушева и Ирена Јорданова со техничка подршка на Драган Ѓоргиев - Советник за информатички работи. Диплома за најзастапен автор со објавени текстови му беше врачена на новинарот Иван Бојаџиски.
Беа доделени наградите и прочитани наградените творби од распишаниот Меѓуопштински литературен конкурс на тема „Мојот град“.
Наградени се:
Категорија од I-V одд
1 место, Нина Голубова ООУ „Димитар Влахов“ Vодд.
Ментор: Гордана Тилева
2 место, Александра Алексова ООУ „Димитар Влахов“ V одд.
Ментор: Билјана Хаџи-Кимова
3 место, Лина Тушевска ООУ „Тошо Арсов“ V/2 одд.
Ментор : Сунчица Ташкова
Категорија од VI-IX одд,
1 место, Андреј Стојанов ООУ „Гоце Делчев“ VI/5
Ментор: Елизабета Огнанова
2 место, Александра Саздова ООУ „Славејко Арсов“ IX/2 одд.
Ментор: Драгица Петрова
3 место, Ѓорѓи Димов „Гоце Делчев“ VI/1 одд.
Ментор: Марија Стојанова Ристова
Категорија возрасни
1 место, Милена Милорадова СОУ „Јане Сандански“ II год.
Ментор: Валентина Бочварска
2 место, Димитриј Давитков СОУ „Коле Нехтенин“ I год.
Ментор: Сузана Арсова
3 место, Тамара Крстева СОУ „Јане Сандански“ II год.
Активноста е проект од Годишната програма за работа на библиотеката, финансиски подржано од Министерството за култура на Р.С.Македонија.