На 14 и 15 октомври со децата со посебни образовни потреби од посебните одделенија при ООУ „Ванчо Прkе“- Штип се реализираа две работилници со наслов „Сонце за сите деца“ како дел од проектот -„Децата со посебни потреби во општеството“ предвиден со Годишната програма за работа на библиотеката а финансиски подржан од Министерството за култура на Р.С.Македонија.
Работилниците ги организираа и реализираа Ирена Тонева и Валентина Варадинова - библиотекари и Маре Симоновска и Јадранка Јовева - дефектолози.
За потребите на установата беше дониран принтер и сликовници и боенки за децата.
Библиотеката ќе продолжи со вакви активности наменети и за овие целни групи се со цел за нивна поголема инклузија во општеството.