Во организација на Библиотекарското Здружение на Македонија се одржува Четврта меѓународна конференција ,,Примената на вештачката интелегенција во библиотекарството: предизвици и можности", во Дојран.
Оваа година БЗМ слави 75 години постоење и успешно дејствување во библиотечната дејност. На конференцијата присуствуваше директорот Тамер Јамаковски и библиотекарите Ивана Стојанова и Вилма Јованова со свое излагање.