Инклузивна работилница во чест на св. браќа Кирил и Методиј.
Во работилницита учествуваа ученици од 6/6 одделение од ООУ "Ванчо Прке" под менторство на наставничката по етика, Жаклина Ѓоргиева кои се преставија со литературни и ликивни творби инспирирани од ликот и делото на овие два значајни лика.
Учествуваа и членови од ЦПЛИП "ПОРАКА" и ученици од ДСУ за образование и рехабилитација "ИСКРА" со професорката Надица Михаилова кои боеа букви а потоа сите заедно изработија постер со наслов "АЗБУЧНО ДРВО", симбол на писменоста но и на еднаквоста,прифаќањето и подршката.
Настанот е во рамки на Проектот "24 Мај -Ден на сесловенската писменост".