Денес 22.04.2024г во Роднокрајното одделение на библиотеката, кое со гордост го носи името на Ацо Шопов, се чествуваше по повод 42 години од неговата смрт со рецитирање на поезија.
Во просторот на Роднокрајното одделение глаголеа стиховите од поезијата на Шопов но и стихови напишани во негова чест, интерпретирани од ученици од СОУ "Славчо Стојменски", СОУ"Коле Нехтенин", ПСУ "САБА", ООУ"Гоце Делчев" и роднокрајни поети.
За ликот и делото на Шопов, свое излагање имаше проф Данче Тошева.
Присутните можеа да ги проследат преку презентација семејните фотографии на Шопов одстапени од неговата ќерка Јасмина Шопова и да уживаат во изворната интерпретација на песната " Очи" од самиот поет.
Настанот е во рамки на проектот од Годишната програма за работа со наслов "За роднокраецот Шопов", подржан од Министерството за култура на Р.С.М.
Организација и реализација Тодор Џидров - библиотекар во Роднокрајното одделение.
















ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека