На ден 18.04.2024г. во позитивна атмосфера и во пресрет на 23 Април - Светскиот ден на книгата и авторското право, беше промовирана најновата поетска и интимна стихозбирка на нашиот сограѓанин Борис Балабанов со наслов „Осама“.
Промотор на истата беше м-р Марија Ристова.
Стихови од стихозбирката со кои ги разбрануваа чувствата на публиката читаа Марија Стефановска, Јована Бурева и Антониа Јорданова од СОУ „Славчо Стојменски“ и Милена Милорадова од Академија „Еуроарт“.
Со изведба на македонски изворни песни настанот го разубавија членовите на ЗГ „Распеани штипјани“.
Модератор на настанот Ване Дериволов, апсолвент на Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Гоце Делчев“ и наш драг и долгогодишен соработник.
И во духот на празникот на книгата, авторот на крајот на присутните им подари книги со негова посвета.

















ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека