На ден 15.12.2023г, ликот и делото на Ацо Шопов беа повторно причина за уште едно книжевно дружење, овојпат со Здружението на просветни работници литературни творци од Македонија.
По повод 100 годишницата се одржа литературно читање на лични творби инспирирани и посветени на Шопов. Пред присутните свое обраќање имаа Благојка Филипчева, претседателка на здружението , Цвета Спасикова наша роднокрајна авторка и Тодор Џидров, библиотекар во Роднокрајното одделение кој ги запозна со развојнот пат на оваа одделение кое со гордост го носи неговото име. Се читаа литертурни творби од присутните членови на здружението и од ученици и тоа Мила Панова, Ева Арсова и Тома Митев 8/1 одделение од ООУ „Гоце Делчев“, Илина Маралова и Ирина Павлова 6/5 одделение од ООУ „Димитар Влахов“, Мелани Иванова и Милена Милорадова, средношколки и наши драги соработнички и надежни млади авторки.
На настанот претходеше полагање цвеќе и читање пред спомен бистата на Шопов од членовите на здружението а на крајот го разгледаа и се запознаа со работењето на Роднокрајното одделение.








ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека