• 1

Соопштенија

  • Согласност за нацрт годишна програма на Националната установа +

  • Одлука за работно време летен период 2023-та +

  • Литературен конкурс за ЕСЕЈ на „Поетските љубови, маки и сонувања по родното место на Ацо Шопов“ +

    ПОГЛЕДИ ГО КОНКУРСОТ НА СЛЕДНИОВ Прочитај повеќе
  • Jавен оглас и пријава за вработување во НУУБиблиотека „Гоце Делчев„-Штип +

    ЛИНК ДО ОГЛАС ЛИНК ДО Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2022“ +

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
На ден 06.10.2023г, Библиотеката во соработка со библиотеката „Бора Станковиќ“ и Здружението на мкедонските граѓани „Гоце Делчев“ од Врање, Р.Србија го реализираше книжевниот-уметнички перформанс со наслов „Книгата - мост на пријателство“.
Настанот се одржа во просториите на Здружението на што претходеше посета и на библиотеката и запознавање со начинот и организацијата на нивното работење, затоа што размената на искуства се многу важни во развојот на библиотекарството како дејност.
На перформансот со музички точки учествуваа ученици од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, кои се преставија со изворни македонски песна и ора и тоа Ана Настова - викал, Илија Делов-кавал, Антонио Трајковски-тамбура и Славе Тренчовски - тапан и Маша Николиќ со изведба на композиција на флејта, ученичка од музичкото училиште во Врање.
Во годината гога славиме 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, настанот со читање на негова поезија го збогати ученичката Маја Стојанова во втора година од СОУ „Славчо Стојменски“- Штип.
ЦПЛИП „Порака“од Штип се преставија со изложбата на Верче Андонова, цртежи во арапска техника и со настап на членовите на тема „Дискриминација“ а Игор Ќорпашев со изведба на песна од Тоше Проевски ги разбранува чувствата на сите присутни.
Настанот е дел од Годишната програма за работа на библиотеката, подржан од Министерството за култура на Р.С.М. со кој повторно докажавме сите сме еднакви и дека уметноста не познава граници и пречки, туку напротив таа обединува и поврзува.
 
 
387208350_716850353805029_5534128639544066295_n.jpg
 
387215657_716850037138394_6305977060167424331_n.jpg
 
387209073_716849740471757_2041418318916960608_n.jpg
 
387208527_716847610471970_6445431504006224397_n.jpg
 
387206555_716847950471936_5209615829545447830_n.jpg
 
387203774_716847700471961_6870996425164460509_n.jpg
 
387200072_716849057138492_2346634136098871327_n.jpg
 
387199694_716848207138577_3216998572465001683_n.jpg