На ден 07.10.2023г свое предавање на теми од книгите "Исцелување на душата" и " Излез од криза"
одржа проф. д-р Зоран Крстевски, филозов, астролог, писател на 10 книги на теми од етиката, филозофијата и астрологијата.
Во своето предавање кое е содржано и во неговите книги, зборуваше како да го најдеме мирот, да се справиме со кризни моменти кои ги носи животот или како што вели авторот "кога чашата ќе се преполни и почнува да се прелева, потребно е да си испразни".
Книгите се веќе дел од фондот на библиотеката и ќе бидат достапни за секој кој сака да ги чита и да вложува во својот личен раст и развој.



