Во организација на Градската библиотека „Карло Бјелички“ во Сомбор, на 7 септември по 17-ти пат свечено
беше отворен стручно-научниот собир „БИБЛИОНЕТ“.
Темата на овогодинешниот „БИБЛИОНЕТ“ беше „Деца и млади - библиотека за новите генерации“, со цел да се мотивираат и поттикнат децата и младите да читаат книги. Повеќе од 150 учесници се обидоа да остават порака дека предноста на напредокот на една заедница е љубовта и навиката за читање, заедно со развојот на технологијата за информатички маркетинг.
За работата на нашата Библиотека со деца и млади зборуваше м-р Јована Рилак. Благодарност до домаќините за прекрасната организација и до сите колеги за новите идеи за работа.




