На 1 Септември започна Новата учебна година и учениците се вратија во училишните клупи за совладување и стекнување на нови знаења.
Посебн ден е за најмалите првачиња кои за прв пат седнуваат во училишните клупи. Се со цел потикнување на љубов кон книгата и читањето, библиотеката за оваа целна група го организира настанот „Прва книга, прв училишен ден“, со едукативни и забавни содржини, со подароци, со аниматори од омилените детски јунаци и секако за да биде весело и разиграно се погрижи актерот Раде Рогожаров. Библиотеката за сите првоодделенци обезбеди бесплатно членство.
https://fb.watch/fmV0ptKMuY/ - Видео - М-Нет ТВ - Штип



