Во среда, 25.05.2022 г. во Библиотеката пред многубројната публика, се одржа промоција на Практикум: Учиме со Ели лесни песни за развој на говорот и почетно пишување, од авторката м-р Елена Ташкова, кој е поддржан од Министерство за култура на РС Македонија.
Рецензенти, а воедно и промотори на настанот беа: проф.д-р Кирил Барбареев и доц.д-р Милена Ристова – Михајловска.
Настанот беше збогатен со две музички сонати од Моцарт на пијано во изведба на Борче Пилатов и рецитал од песни од Практикумот во изведба на ученици од II 1 од ООУ „Гоце Делчев“- Штип под менторство на одделенскиот наставник Славица Неделкова.
На крајот свое обраќање имаше авторката која ги сподели своите долгогодишни искуства со работа како дефектолог-логопед, како резултат на што е и овој Практикум наменет за најмалите и нивните родители, но и наставниците.


