Во просториите на НУ-УБиблиотека ,,Гоце Делчев” во Штип, од страна на СОУ ,,Димитар Мирасчиев”беше организирана ликовна изложба со креативна работилница ,,Креативноста низ дизајнот и уметноста.”
Низ изложбата беа поставени ликовни изработки, уникатни дизајни и групни проекти изработени од нашите ученици од прва до четврта година. Изработките беа менторирани од страна на професорите: Наташа Тасева, Анастасија Петрова и Кристина Ќосевска.
Низ креативната работилница се претставија учениците од 9 одделенија од нашите основни училишта. Резултатот на деветтооделенците беше успешен, креативен и индивидуален, инспириран од поставените дела на учениците од СОУ ,,Димитар Мирасчиев”.
Стручното жири ги избра најдобрите три творби кои заедно со уште неколку успешни творби беа поставени во склоп на изложбата.
Им благодариме на сите ученици и ментори, на сите кои беа заслужни за реализација на оваа активност.