По повод 7 Април, едукативна работилница со стоматолог д-р Тамара Ефтимова одржавме и со ЦПЛИП „Порака“- Штип.
Библиотеката во својата работа и активности води грижа подеднакво да бидат опфатени сите целни групи.
7 Април, а секое дете има право да биде здраво. Книжевно- едукативна работилница и со учениците од ПОУ „Страшо Пинџур“ с. Крупиште, повторно споделени совети и радости а и тие самите ни се преставија со изработка на запче со порака.
Мобилната библиотека -Инфобус е една алатка на библиотеката за работа се со цел да книгата и услугите ги правиме достапни до сите и проект кој е финансиски подржан од Министерството за култура на Р.С.Македонија.
Светски ден на здравјето, го одбележавме со едукативни работилници со ученици од училишта кои ги опслужува Мобилната библиотека - Инфобус.
Во ПОУ „Страшо Пинџур“ во с.Калаузлија, на учениците им прочитавме четиво од кое научија како Сунѓерот Боб како главен лик води грижа за своите заби и му помага и на својот пријател Патрик, и заклучивме колку се важни книгите и колку се можат да не научат и помогнат во животот. Потоа од страна на доктор стоматолог добија корисни совети за правилна нега и грижа за своите заби и демонстрирано како правилно да ги мијат. Учениците покажаа голем интерес и внимание. На крај сите добија паста за заби од нашиот спонзор на активноста АД Алкалоид - Скопје и четка за заби од библиотеката и со ветување дека ќе се грижат за своите заби.


















ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека